Мамиќ не е „наивен“: Фергусон може да „СОНУВА“ дека ќе го земе Халиловиќ „ефтино“

Манчестер Јунајтед го посакува Халиловиќ, Ковачиќ и Вршаљко, но, Динамо Загреб не ги дава ни за 30 милиони фунти, што е мошне нормално.

Големите европски клубови се навикнаа да за сосема ниски цени ги купуваат големите балкански фудбалски таленти, а секако на таков начин беа купувани и големите фудбалски таленти не само на Балканот, туку и од Јужна Америка и слично, а подоцна истите фудбалери за само неколку месеци цената на пазарот им се зголемуваше мошне брзо.

Но, Здравко Мамиќ, извршниот директор на Динамо Загреб, воопшто не подлегна на овие суми кои реално се навистина солидни за некој балкански тим, но од друга страна пак реални и самите фудбалери вредат многу повеќе, а Мамиќ игра сосема паметно.

Имено, англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, ги посакува Халиловиќ, Ковачиќ и Вршаљко, мошне талентирани фудбалери, и за истите фудбалери би платил 30 милиони фунти.

Мамиќ конкретен:

„За 9 милиони фунти нема да ја продадеме ни левата нога на Халиловиќ, ништо од зимските трансфери!“ сосема јасен во својата изјава, нешто што многумина на Балканот немаат храброст да го направат, Здравко Мамиќ го направи.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: