Берлускони: Робињо премногу се премислува

Претседателот на екипата на Милан, Силвио Берлускони, изјави дека не е задоволен од тоа како бразилецот Робињо од ден во ден ги менува своите ставови и мислења.

Италијанските медиуми веќе подолго време пренесуваат дека бразилецот Робињо наскоро ќе го напушти тимот на Милан, и ќе се пресели во Бразил, односно во тимот на Сантош, а наводно постои и интерес од Коринтианс и Палмеирас.

Челниците на Милан, Силвио Берлускони и Адриано Галијани веќе неколку пати демантираа дека Робињо ќе го напушти Милан, но реториката во меѓувреме се промени целосно откако Берлускони даде мошне интересна изјава за италијанските медиуми каде упатува критика за бразилецот.

„Јас би сакал Робињо да остане во тимот, бидејќи тој е одличен фудбалер со невидени технички карактеристики, често зборувам со него и не можам да разберам што сака бидејќи премногу се предомислува дали да си оди или да остане“ изјави Берлускони.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: