Северина во фантастично издание на промоцијата на албумот на Бебек

Loading...

 

Северина одамна докажа дека важи за една од најсексипилните пејачки на Балканот. Тој епитет таа горно го носи и во нејзината 40 година од животот.

Младата мајка се појави на промоцијата на новиот албум Kad poljubac pomjesas s vinom на колегата Жељко Бебек во тесен црвен фустан и тигреста бунда. Таа ги пленеше погледите на присутните, благодарение на деколтето кое го истакнување фустанот и високите потпетици.

Инаку пријателството и професионалната врска на Севе и Жељко трае повеќе од 15 години. Во 1997 година, тие го снимија дуетот Rastajem se od zivota, а на најновиот албум на Северина ќе можеме да го слушнеме плодот од нивната последна соработка – Tango.

Погледнете како изгледаше жешката Северина.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...