Бата Живојиновиќ, бестрашниот Валтер, не се предава

Loading...

Валтер не се предава! Срскиот легендарен глумец Велимир Бата Живојиновиќ , од четвртокот се наоѓа во Селтерс бањата во Младеновци, каде започна со терапија.

Неговата сопруга Лула Живојиновиќ и соопшти на јавноста дека пред Бата е долг пат, но дека тој е вечен оптимист и верува дека се ќе биде во ред. Таа раскажа за еден дневен српски весник дека Бата е расположен во бањата каде се лекува, дека неговите лекари се одлични, трпеливи и добро се грижат за него како и дека се уште е стариот Бата што го знаеме. Духот го нема напуштено, тој комуницира одлично со другите посетители на бањата каде, како што можевме да претпоставиме, е главна ѕвезда.

При крајот на октомври оваа година, познатиот српски глумец излезе од Војномедицинската Академија во Белград каде се лечеше речиси два месеци. Пред тоа, тој помина 50 дена во болницата Свети Сава, поради тоа што доживеа мозочен удар. Во 2006 тој преживеа инфаркт, а боледуваше и од гангрена која три години ја лечеше на Куба.

Бестрашниот Валтер се уште не се предава. 

Еве го и целиот филм подолу, па доколку имате слободно време погледнете го…

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...