Српскиот селектор конечно го доби норвешкиот дрес што толку го сакаше

 

Благодарение на снимката од натпреварот Србија – Норвешка, цела Европа го просведочи неспортскиот чин од српскиот селектор Бошковиќ врз норвешката ракометарка Суланд.

Како што веќе знаеме, за време на самиот натпревар, српскиот селектор ја влечеше норвешката ракометарка за дрес, обидувајќи се да ја оневозможи нејзината игра.

Но вчера вечерта, пред натпреварот на Србија и Чешка, селекторот Саша Бошковиќ и норвешката ракометарка Јорум Суланд се сретнаа на записничката маса.

Таму се смирија и насмеаа за немилиот настан, беа фотографирани а ракометарката му го подари на Бошковиќ дресот за кој тој ја влечеше.

На истиот, со маркер, Суланд напиша: “Драг, луд човеку, еве ти го дресот што толку го сакаше.”

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: