Жерар Депердје поради даноците станува Белгиец

Славниот француски актер Жерар Депардје се насели во Белгија, во село во близина на француската граница познато по своите жители кои се богати странци, изјави во неделата за локалните медиуми градоначалникот на ова место.

Шеесет итригодишниот Жерар Депардје сега живее во Нешен, рекол градоначалникот на блиското место Естемпуи, Даниел Сенесал за RTBF и RTL, и додал дека славниот актер, исто така, се распрашувал за можноста да добие постојан престој во Белгија.
„Ја сака нашата заедница, нејзиниот рурален карактер“, додал Сенесал, потврдувајќи дека „исто така се вистините“ шпекулациите дека доселувањето на Депардје е мотивирано од даночните закони.
Селото Нешен е оддалечено само еден километар од француското Рубез, а таму се населуваат богатите Французи за да ги избегнат плаќањата на новите даноци за богаташите што ги воведе владата на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: