Шокантно: учителка влече слепо дете за нозете

Loading...

Учителката на полицијата и изјавила дека детето не сакало да оди во друга училница, па затоа таа била принудена таму да го одвлечка.Две учителки од Санта Фе, престолнината на Ново Мексико, се соочени со обвинение за злоставување на дете, откако во јавноста била пуштена снимката од училиштето во кое се случил овој бизарен инцидент. На снимката јасно се гледа како еден шестгодишен слеп ученик го влечат за нозете низ школските ходници. 

 

Додека едната од учителките го влече за нозете, друга и се придружува за да и помогне, додека трет учител оди позади нив. Учителката на полицијата и изјавила дека тоа го направила бидејќи детето не сакало да оди во друга училница, па таа била принудена да го земе проблемот во свои раце. 

 

Потпаролката на полицијата соопшти дека дотичната учителка, веќе долго време работи со ова слепо момче и дека се во добри односи. Тие не веруваат дека таа сакала да го повреди, проблемот е во тоа што таа очигледно ја занемарила неговата безбедност. 

Детето, после шокантниот инцидент се пожалил на јака главоболка, но наводно нема други повреди. Двете учителки можат да се најдат пред суд под обвинение за злоставување на деца, а третиот учител може да биде казнет бидејќи не го пријавил инцидентот.

loading...