Терим: Го сакам Кака во тимот

Loading...

Турскиот шампион Галатасарај е заинтересиран во своите редови да го донесе Бразилецот Кака.

Фудбалерот кој во Реал, од тренерот Жозе Мурињо, добива мала минутажа, речиси секојдневно се поврзува со трансфер во некој друг клуб, од Галатасарај не кријат дека со задоволство би го виделе во својот клуб.
Наводно, Фатих Терим, тренерот на турскиот шампион, побарал од претседателот на клубот Унал Ајсал да се обиде да го реализира трансферот на Бразилецот.
„Ме праша дали во јануари го сакам Диего Рибас или Весли Снајдер, му одговорив ни едниот, ни другиот, го сакам Кака“, изјавил Терим за турските медиуми.
Веднаш по Терим се огласил и првиот човек на Галатасарај.
„Моите луѓе и јас ќе се обидеме да ја исполниме желбата на Терим, тој е важен за тимот и ние сакаме да биде среќен. До реализацијата на трансферот не дели само одлуката на Реал дали воопшто сакаат да го продадат Кака“, изјавил Ајсал.

Макфакс

loading...
Loading...