петок, 13 ноември 2026
Најново

Наполи под истрага поради местење на натпревар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Фудбалскиот клуб Наполи се наоѓа под истрага на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија (ФФИ), поради местење на натпревар.

Доколку во ФФИ, докажат дека клубот учествувал во лажирање на натпревар, на екипата за која настапува Горан Пандев, ќе и бидат одземени два бода.
Поранешниот голман на овој тим, Матео Џанело признал дека учествувал во местењето на натпреварот со Сампдорија одигран на 16. мај 2010 година. Натпреварот е одигран во последното коло, а Сампдорија со победата од 1:0 обезбеди учество во квалификациите во Лигата на шампиони.
Инаку, Џанело, се спогодил со обвинителот поради што може да добие 16-месечна суспензија.
За местење на натпревари обвинети се и актуелниот капитен на Наполи Фабио Канаваро и дефанзивецот Џанлука Грава, кои тврдат дека не се вмешани во оваа афера.
Наполи, по неделниот пораз во дербито против Интер, се наоѓа на третото место во Серија А, со пет бодови помалку од лидерот Јувентус.

Макфакс

Поврзани вести