СКАНДАЛ: Мазе ја пријави Вон поради „недолични коментари“?

Најдобрата скијачка на денешницата, Американката Линдзи Вон се најде во мини-скандал откако во Ст. Мориц славеше во четвртата трка во сезоната.

Вон по преминувањето на целта во трката на супервелеслаломот го погледна семафорот, го виде своето име пред најголемата конкурентка, Словенката Тина Мазе, и извикна „That's fucking right “…

Мазе, водечката скијачка во вкупниот поредок, остана шокирана со таквата прослава на Американката, мислејќи дека тие зборови се упатени кон неа, заедно со својата екипа ја пријави Вон на директорот на трката на Светскиот Куп, Атле Скардал.

„На снимките не успеавме да најдеме ништо што наведуваше на навредување кон словенката, со тоа нејзиниот приговор е одбиен“ изјави Скардал.

Пронајдете не на следниве мрежи: