Манчестер Сити со извинување до Фердинанд

Екипата на Манчестер Сити упати извинување поради повредата со која се здоби фудбалерот на Манчестер Јунајтед, дефанзивецот Рио Фердинанд.

Инцидент на „Итихад“ кога дефанзивецот на Манчестер Јунајтед беше погоден со паричка од навивач на Манчестер Сити.

Овој ицидент фрли голема сенка на одличниот дерби-дуел.

Рио Фердинанд беше погоден со паричка над левото око во прилика да го прослави победоносниот погодок на Робин Ван Перси, а Манчестер Сити упати извинување кон поранешниот репрезентативец на Англија.

„Се извинуваме на Рио, осудуваме вакво однесување на навивачите а ќе и пружиме поддршка на полицијата за да се најде лицето кое го сторило ова и да се казни“ се вели во соопштението на Манчестер Сити.

Пронајдете не на следниве мрежи: