Хунтелар во Арсенал

Според информациите кои ги пренесуваат англиските медиуми, се вели дека холанѓанецот Клас Јан-Хунтелар наскоро ќе се пресели во екипата на Арсенал.

Имено, англиските медиуми шпекулираат дека 28-годишниот напаѓач на екипата на Арсенал уште во јануарскиот преоден трансфер-период ќе се пресели во тимот на Арсенал поради тоа што Арсен Венгер е сериозно заинтересиран за ангажман на напаѓачот од Шалке.

Договорот на Хунтелар со Шалке истекува во јуни 2013-тата година, а интерес за овој фудбалер веќе покажаа и Интер и Ливерпул.

Според неофицијалните информации, екипата на Арсенал за услугите на Хунтелар би платила 5 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: