Северина го промовираше новиот албум – фото

 

Вчера вечерта, во загребскиот ноќен клуб “Пеперминт”, се одржа премиерно слушање на новиот албум на Северина. За албумот Dobrodosao u klub, публиката чекаше нешто повеќе од 4 години.

По се изгледа дека чекањето се исплатеше. Првите три хита на албумот веќе имаат над 50 милиони посети на youtube, и секако се актуелни и слушани и подалеку од Хрватска, односно на целиот Балкан. На промоцијата присуствуваа голем број колеги и пријатели на пејачката која беше одлично расположена и насмеана во текот на целата вечер.

Неодамна, таа за еден хрватски магазин го изјави следново: “Четириесттите ми се пред врата. Во нив влегувам како горда мајка која во крило го држи својот доживотен штит. Пред мене е најубавата декада во мојот живот!”.

Хитовите Grad bez ljudi, Brad Bit и Italijana ни се веќе добро познати, а деновиве ќе ви ги претставиме и новите песни на Севе што се дел од новиот албум. 

 

 

 

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: