Фулам ја прекина лошата серија

Екипата на Фулам го победи Њукасл, во последниот натпревар од 16-то коло, во англиската Премиер лига.

Фулам до победата од 2:1 дојде со головите на Сидвел и Родаљега, единствениот гол за Њукасл го постигна Бен Арфа. Тимот од Лондон, со оваа победа ја прекина серијата од седум натпревари на кои немаше триумф, додека ’страчките’ го забележаа петтиот пораз на последните шест натпревари.

По 16 одиграни првенствени рунди, Фулам се наоѓа на 13-то место со 20 бодови, додека Њукасл е 14-ти со 17 бодови.
Арсенал-ВБА 2:0
Астон Вила-Стоук 0:0
Саутемптон-Рединг 1:0
Сандерленд-Челзи 1:3
Свонси-Норич 3:4
Виган-КПР 2:2
Манчестер Сити-Манчестер Јунајтед 2:3
Евертон-Тотенхем 2:1
Вест Хем- Ливерпул 2:3
Фулам-Њукасл 2:1
Табела: Манчестер Ј. 39, Манчестер С. 33, Челзи 29, Евертон, Тотенхем и ВБА 26

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: