Заврши сезоната за играчот на Челзи, Ориол Ромеу

Играчот од редот за врска на Челзи, Ориол Ромеу, поради повреда, повеќе нема да игра оваа сезона.

Талентираниот фудбалер, на натпреварот со Сандрленд, ги скинал лигаментите на коленото и го оштетил менискусот, тој во понеделникот бил опериран во Барселона.
Според лекарските проценки, младиот шпански репрезентативец оваа сезона сигурно повеќе нема да настапува, а би требало да биде подготвен за почетокот на следното првенство.
Натпреварот во Сандерленд, на кој се повреди Ромеу, екипата на Челзи го доби со 3:1.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: