Џими Пејџ од `Лед цепелин` на соло турнеа

Loading...

Легендарниот гитарист на бендот Led Zeppelin, Џими Пејџ, кој во моментот ја промовира DVD снимката на настапот на групата, е многу зафатен, но не ја исклучува можноста за соло турнеа.

Во интервју за магазинот „Guitar World” вели дека дефинитивно сака следната година да свири, без оглед на се.
Пејџ зборува и за трачот дека басистот и тапанарот на групата сакале да го заменат Роберт Плант со некој друг пејач.
„По свирката во O2 арената, Џејсон, Џон Пол Џонс и јас, почувствуваме дека е вистинско време да свириме нови работи и да видиме како ќе ни оди. Тогаш, некој пушти глас дека ќе доведеме други пејачи во бендот.  Па, тоа потполно би го променило карактерот на бендот и се што работевме до сега“, вели Пејџ.
Објаснува дека на некој начин, биле под притисок и дека многу разговарале кого да го земат во групата.
„Размислував сам што би било најдобро да направиме, нешто да промениме, но знаев дека нема шанси да го менуваме пејачот“, вели Пејџ.
Минатата недела Led Zeppelin беше на гости кај Барак Обама во Белата куќа, поради нивиот придонес за американската култура и уметност.
Роберт Плант, Џон Пол Џонс и Џими Пејџ сега се во групата уметници кои го добиле високот признание „Kennedy Centre Honours“.

Макфакс

loading...