Сите видови на оргазам

Стручњаците за секс велат дека кај жената постојат повеќе различни начини на доживување оргазам. Според нив, вагиналниот и клиторичниот оргазам се само мал дел од мноштвото начини за достигнување на врвот на сексуалното задоволство…

Во секој случај добро е да се знае дека доколку не доживувате вагинален оргазам или тоа Ви се случува многу ретко, имате пред себе уште многу можности за уживање кои можеби веќе и сте ги доживеале.

 

Клиторичниот оргазам најчесто е и најинтензивен. Тоа е така затоа што клиторисот има 8.000 нервни завршетоци, па за многу жени ова е најлесниот начин да се доживее силен оргазам. Но сепак, многу подлабоко чувство кое се доживува со целото тело овозможува веќе споменатиот вагинален оргазам.

 

Фамозната G-точка се наоѓа околу 5 сантиметри во внатрешноста на предниот вагинален ѕид и има големина на лешник. Таа има функција на внатрешен клиторис, па со нејзина стимулација се доживува длабок и силен оргазам, кој често предизвикува мала количина на ејакулациска течност. Но ваков оргазам ретко се доживува бидејќи во овој случај партнерот мора да пенетрира под одреден агол така што би се стимулирал предниот внатрешен дел на вагината.

 

Друга значителна концентрација на нервни завршетоци има во анусот. Аналниот оргазам е втор по интензитет, но доколку оваа опција не Ве привлекува, не грижете се има уште многу други.

 

U-точката се наоѓа околу клиторисот, клиторисната жлезда и вагиналниот отвор, што значи дека е на многу оргазмична локација. Оргазам преку U-точката најлесно се постигнува преку орален секс или преку некои пози во кои долниот дел на пенисот ја надразнува споменатата точка.

 

Освен споменатите, постојат и продолжен оргазам и споен оргазам. За доживување на споениот оргазам потребна е стимулација на две подрачја истовремено како би се засилил интензитетот на доживувањето. Најдобра комбинација е клиторисен со вагинален или пак клиторисен во комбинација со G-точката, но впрочем изборот е Ваш.

 

Психички оргазам е оној кој е базиран на Вашата фантазија. Тој докажува дека понекогаш фантазијата е добра замена за физичкиот допир, па некои жени применуваат еротска литература или видео материјали за стимулација.

Пронајдете не на следниве мрежи: