As: Рекордот на Меси не е валиден, Замбиец има постигнато 107 погодоци

Мадридскиот весник „As“, на својата интернет страница, сензационално објави, дека Лионел Меси, не е сопственикот на рекордот за најмногу постигнати голови во една календарска година.

Аргентинецот, во неделата, на натпреварот со Бетис, постигна два гола, со што го надмина рекордот на Герд Милер постигнат во 1972 година.
Меси во 2012 година има постигнато 86 погодоци во сите натпреварувања. Сепак, според „As“, светски рекордер е Замбиецот Гудфри Читалу, кој во 1972 година дури 107 пати ги тресел противничките мрежи.
Во образложението зошто овој рекорд не е верификуван од Светската фудбалска федерација, стои дека ФИФА во тоа време, многу повеќе внимание обрнувала на натпреварите во Европа, па затоа никогаш не го официјализирала рекордното остварување на Читалу.
Интересно, Читалу, кој до рекордните 107 погодоци стигнал како играч на Кабве Вориорс, во 1968 година ја известил ФИФА дека во таа календарска година постигнал 81 гол.
Инаку, Читалу е роден на 22. октомври 1947 година, неговиот живот трагично згаснал во авионска несреќа, на 27. април 1993 година. Авионот со кој патувал репрезентацијата на Замбија патувала за Сенегал се урнал во морето.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: