Хави Мартинез: Вредам за сите тие 40 милиони!

Loading...

Летното засилување на екипата на Баерн Минхен од Билбао потенцира дека не е промашена инвестиција и дека тоа набрзо ќе го докаже.

Шпанскиот репрезентативец, Хави Мартинез, стигна на „Алијанц Арената“ ова лето за 40 милиони евра, а порати нешто послаб старт во Бундес Лигата, се постави прашањето на неговата преценетост.

Сепак, Мартинез вели дека вреди за секој цент.

„И Атлетик вложи премногу кога ме ангажираше. Луѓето мислат дека сум под притисок бидејќи сум доведен за големи пари, но тоа не е точно. Тоа за мене е мотив повеќе“ изјави Хави Мартинез.

loading...