Конте: Сите ми недостигавте!

Тренерот на екипата на Јувентус се појави пред новинарите прв пат по пет месеци, повод е куп-мечот со Каљари, но најмалку за тоа се зборуваше.

Антонио Конте одржа прес-конференција за новинарите, изјави дека на мечот со Каљари гледа мошне сериозно и дека треба целата екипа така да го гледа тој меч.

„Ние минатата сезона стигнавме до финале, ова натпреварување е шанса за некои играчи кои помалку беа на теренот, имам премногу доверба во нив, тие се дел од тимот и тоа утре ќе го покажат“ изјави Конте.

Но, новинарите повеќе ги интересираше неговото враќање на клупата на Јуве.

„Се ми недостигаше, по натпреварот со Палермо тргнав кон соблекувалната, а тогаш се сетив дека не се поздравив со своите играчи. Тие знаат колку ми значат и знам дека се бореа и за мене додека бев отсутен на клупата“ изјави тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

Пронајдете не на следниве мрежи: