Венгер: Играта на Меси „хипнотизира“

Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, французинот Арсен Венгер, истакна дека посебно го почитува 25-годишниот аргентинец, и дека е воодушевен од новиот рекорт кој го собори Лионел Меси.

Меси на мечот со Бетис го надмина рекордот на Герд Милер од 1972-рата година по бројот на постигнати голови во една натпреварувачка сезона.

Венгер истакна дека е воодушевен со фактот што Аргентинецот успева да го направи на теренот и му упати големи честитки и комплименти.

„Му честитам на Меси, тој едноставно „хипнотизира“ со неговата игра, тоа што Меси го прави е неверојатно, кога го гледате се изгледа толку лесно, да помислите дека вие сте во состојба да излезете на терен и да постигнете гол. Меѓутоа, ако некогаш сте играле фудбал, знаете колку е тешко да се постигне и еден погодок“ изјави Венгер.

Пронајдете не на следниве мрежи: