Голите фотки на Станија – пародија на порното на Северина

 

Српската старлета Станија, вчера имавме можност да ја видиме гола во када во некоја хотелска соба како лудо се забавува со непознат дечко. Тие разменуваа нежности, допири, а тој дури и ја полеваше со шампањ.

 

На Станија не и требаше многу време за да даде изјава за овие фотографии во јавноста. За српски курир таа изјави: “Тоа беше шала и малку забава. Тоа беше всушност пародија на порното на Северина, секс немаше!” Потоа таа додаде дека фотографиите се направени уште во 2008 година, во една хотелска соба во Атлантик Сити.

 

Момчето на сликите е всушност нејзин пријател и колега од факултет кој ги објавил сликите со цел да се промовира во јавноста. Таа не е многу среќна поради тоа, но и не се лути премногу. Само се надева дека ќе и се извини за невкусниот потег. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: