Актерката Џенифер Лоренс е најпосакуваната жена на планетата

Актерката Џенифер Лоренс е една од најпосакуваните жени на светот, покажа меѓународната анкета чиишто резултати се објавени во вторникот на интернет ресурсот AskMen.
Џенифер Лоренс ѕвездата на филмот „The Hunger Games“, дојде на врвот од листа на најпосакуваните жени за 2012 година од 47-то место на коешто беше минатата 2011 година, изјави главниот уредник на порталот Хиџејмс Базил. „Во целина, постои чувство дека таа е малку пооригинална од другите актерки“, вели Базил. Додава дека јавноста сé уште премалку знае за оваа 22-годишна актерка. „Таа е нова, бидејќи не сме ја виделе на трачерските страници во последните три лили четири години“. Минатата година најпосакуваната жена во истиот избор беше Софија Вергара, којашто годинава падна на 12-тио место. Порталот AskMan.com пишува и дека годишната листа на 99-те најпосакувани жени на светот чијшто пласман е утврден со онлајн гласање, наскоро целосно ќе биде објавена  во National Journal of Scientifically-Determined Celebrity Hotness. Во годинешното гласање за 99-те славни жени преку кликање за личноста, имало генерирано повеќе од 2,4 милиони гласови, се наведува уште во соопштението за медиумите на AskMen. На оваа листа, како што пишуваат некои американски медиуми, на второто и третото место се актерките Мила Кунис, односно Кејт Аптон, па следат Ријана и Ена Стоун. Во првите 10 најпривлечни жени влегуваат и две модели на Victoria’s Secret, Кристијан Стјуарт и Џесика Паре, и Австралијката Мишел Џенеки. На листата се најде и првата дама на САД, Мишел Обама, која била на 33-то место, едно подолу од пејачката Бијонсе. Изненадување претставува пласманот на 85-то место на Надежда Толокникова, една од припадничките на женската панк група Pussy Riot коишто поради провокативната „панк молитва“ против рускиот претседател Владимир Путин изведена во црква во Москва, заедно со двете колешки беше осудена за навредување на верските чувства. Изненадување, исто така, но истовремено и разочарување, како што пишуваат медиумите, е пласманот на Ким Кардашијан којашто од 8-то место.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: