Разводи на познатите што ја обележаа 2012

Меѓу познатите личности, најголема новост е кога некој ќе успее да издржи во брак или стабилна врска.

 

Но овие ѕвезди изненадија кога се откри дека нивниот навидум идиличен брак падна во вода. 

 

Погледнете кои разводи ја обележаа 2012 година.

 

 

Една од најширените вести за 2012 година е разводот на Том Круз и Кети Холмс. Тие се разведоа после 5 години брак, а по разводот, Том со месеци не можеше да се врати во нормала. Наводоно, главната причина за разводот на овој познат пар е желбата на Кети да ја спаси ќерката Сури од скиентологијата. 

 

Вистински шок беше и веста дека 7 годишниот брак на Хајди Клум и Сил заврши. Манекенката ја најде утехата во телохранителот Мартин Кристен, а пејачот изјави дека Хајди требала да почека да се разведат пред да го изневерува со дел од послугата. Тој потоа беше “фатен” како ужива во друштво на девојка која е “копија” на Хајди.

 

После само година дена брак, Кети Пери се разведе од музичарот Расел Бренд. Тие решија да тргант по одделни патеки, а се шушкаше дека главна причина за разводот е преголемата желба за секс на Расел.

 

Можеби една од најшокантните вести беше разводот на Дени Де Вито и Реа Перлман. Тие се разведоа после цели 30 години брак, а Реа како причина за разделбата го наведе флертот на Дени со други жени. Тој сепак изрази желба да се смират…

 

Од регионалните земји, не можеме да го испуштиме раскинувањето на Северина и Милан Поповиќ. Иако тие не ни стапија во брак, туку беа само верени, веста за крајот на оваа романса се движеше побрзо од светлината. Како што велат и самите, раскинаа поради тоа што љубовта не била доволна, но ќе останат во добри односи поради синот Александар кој во јануари ќе наполни една година.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: