Рома прв четвртфиналист во Купот

Екипата на Рома прва избори пласман во четвртфиналето во италијанскиот Куп, откако во осминафиналето забележа победа над Аталанта од 3:0.

До победата Рома ја предводеше Миралем Пјаниќ, репрезентативецот на БиХ го постигна првиот гол за својот тим и му беше асистент на Матеа Дестро кој го постигна третиот гол.
Пабло Освалдо беше стрелец на вториот гол за ’волчицата’, натурализираниот Италијанец потоа доби црвен картон.
Рома во четвртфиналето за противник ќе го има победникот од натпреварот помеѓу Удинезе и Фиорентина, кој ќе се одигра следната недела.
Во среда ќе се одиграат уште две осминафинални средби, Парма ќе ја пречека Катанија, додека Јувентус ќе игра против Каљари.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: