Севиља подготвена да ги продава најдобрите играчи

Екипата на Севиља, поради одредени финансиски проблеми е подготвена да продаде некои од своите најдобри фудбалери, во јануарскиот преоден рок.

Како што пишува Marca, доколку во клубот стигне добра понуда, први кои во јануари можат да го напуштат клубот ќе бидат Хрватот Иван Ракитиќ и Чилеанецот Гарви Медел.
Во претстојниот преоден рок, Севиља нема да купува нови играчи, па тренерот Мичел ќе мора да се потпре на фудбалерите кои се веќе во тимот, но не се исклучува покрај споменатите Ракитиќ и Медел да биде продаден уште некој.
Клубот кој има одредена „финансиска дупка“ може да ги прдаде најдобрите играчи Алваро Негредо, Диего Пероти, Федерико Фацио и Хесус Навас, но само доколку за некој од овие фудбалери пристигне понуда која не се одбива.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: