Нани ќе биде замената за Волкот

Loading...

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Нани би можел уште во јануарскиот преоден рок да го напушти ’Олд Трафорд’.

Португалецот, кој повеќе не е во најдобри односи со менаџерот Алекс Фергусон, според ’The Sun’, би можел да се пресели во Арсенал, кој е подготвен да плати сума од 20 милиони фунти.
Нани е под договор со ’црвените ѓаволи’ до јуни 2014 година, но крилниот напаѓач, во последно време ретко се наоѓа во тимот, при што неговото заминување е единствената реална опција. Арсенал, од друга страна, е во потрага по квалитетна замена за Тео Волкот чија иднина во Лондон е крајно неизвесна.
Инаку, сигурно е дека Манчестер Јунајтед од заминувањето на Нани ќе се обиде да заработи повеќе од 14 милиони фунти, колку што му плати на Спортинг Лисабон при неговиот трансфер во 2007 година.
Интерес за Нани покажуваат Зенит и ПСЖ, но тој сака да остане во Премиер лигата. Целата ситуација во врска со португалскиот репрезентативец будно ја следи и раководството на Челзи.

Макфакс

loading...
Loading...