Давид Луиз: Ист сум како Тери

Давид Луиз е уверен дека е способен да командува со одбраната на Челзи во отсуство на капитенот Џон Тери.

Челзи моментално се во Јапонија каде имаат припреми за мечот од светското клубско првенство против екипата на монтереј, мечот се игра утре.

Ова ќе им биде голема прилика да го освојат првиот трофеј во сезоната, со оглед на фактот што во „Комјунити Шилд“ беа поразени од екипата на Манчестер Сити со резултат 2-3, додека во Супер-купот на Европа беа поразени од Атлетико Мадрид со резултат 1-4.

„Јас бев капитен во Бенфика кога имав 21 година, сега имам 25 и премногу искуство зад себе. По природа сум лидер, исто како Џон Тери, секогаш сум спремен да преземам одговорност во името на целата екипа, ја сакам таа улога“ изјави Давид Луиз.

Пронајдете не на следниве мрежи: