Меси на ’Камп Ноу’ ќе остане до 2020 година

Аргентинскиот волшебник, Лионел Меси, е многу блиску до потпишување нов договор со Барселона, пренесуваат каталонски медиуми.

Меси би требало да потпише договор кој би траел до јуни 2020 година, што практично значи дека на ’Камп Ноу’ би останал до крајот на кариерата.
Аргентинецот, според актуелниот договор, годишно заработува девет милиони евра, но не е познато колку ќе заработува со новиот договор.
Меси за Барселона дебитираше во 2004 година, на 17-годишна возраст, во меѓувреме тој трипати последователно е прогласуван за најдобар фудбалер во светот, а со Барселона трипати ја освои Лигата на шампиони (2006, 2009, 2011).
Напаѓачот на Барселона во неделата го постигна 86-от гол во 2012 година, со што го надмина 40 години стариот рекорд на Герд Милер.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: