Навивач на Удинезе медиумска ѕвезда во Италија

Loading...

Навивачот на калчолигашот Удинезе, Ариго Броведани, преку ноќ стана популарен во својата земја.

Во центарот на вниманието тој се најде откако на натпреварот помеѓу Сампдорија и Удинезе, одигран во понеделникот, бил единствениот навивач на екипата од Удине која гостуваше во Џенова.
Броведани, на крајот задоволен го напушти стадионот бидејќи Удинезе победи со 2:0, а голманот Бркиќ во второто полувреме одбрани пенал.
Како што им изјавил на италијанските медиуми, тој во понеделникот, очекувал дека на ’Мараси’ стадионот ќе има повеќе навивачи на Удинезе, но дека е единствениот сватил дури кога влегол на трибината определена за гостинските симпатизери.
Овој гест на Бороведани бил бурно поздравен од домашните навивачи, а спортскиот директор на Сампдорија по натпреварот му подарил дрес.
Во Удинезе решија победата да му ја посветат токму на Броведани и воедно да го поканат да биде нивен гостин на саботниот натпревар на кој Удинезе ќе го пречека Палермо.

Макфакс

loading...
Loading...