Алегри: Робињо останува во Милан!

Говорејќи околу ситуацијата со бразилскиот фудбалер, тренерот на Милан истакнува дека Робињо ќе остане во клубот, барем до крајот на сезоната.

Спремајќи се за куп-натпреварот против Реџина, Масимилијано Алегри одговараше и на прашања поврзани со бразилецот Робињо.

Искусниот фудбалер на Милан се наоѓа на мета на одредени клубови, пред се Сантош кој испрати официјална понуда за ангажман на Робињо.

Со оглед на изјавите на Силвио Берлускони, и Масимилијано Алегри мошне одлучен по ова прашање.

„Нормално е да клубовите се интересираат за ангажман на Робињо, тоа е доказ дека тој се наоѓа во одлична форма, сепак тој е премногу важен играч за нашиот тим и сигурно дека ќе биде во Милан и во вториот дел од сезоната“ изјави Алегри.

Пронајдете не на следниве мрежи: