Фалкао – решение за Јуве?!

Легендата на Јувентус Марко Тардели смета дека одличниот Колумбиец би бил идеално решение и засилување за Јувентус кој би направил од оваа екипа токму таква екипа каква што посакува Антонио Конте.

Имено, тренерот на Јувентус изјави дека се надева дека неговиот клуб во блиска иднина ќе стане клуб како Парис Сент Жермен, Реал, Манчестер и останатите великани кога е во прашање финансиската моќ и големите засилувања, а Тардели смета дека чекор напред во тој правец би можело да биде ангажман на Радамел Фалкао.

„Би сакал Јувентус да го доведе во своите редови Радамел Фалкао. Тој би претставувал идеално решение за сите проблеми во нападот, сепак со оглед на неговата цена од 60 милиони, таков трансфер во моментов е невозможен“ изјави Тардели.

Пронајдете не на следниве мрежи: