Сао Паоло, на контроверзен начин го освои Копа Судамерикана

Екипата на Сао Паоло го освои Копа Судамерикана, натпреварување кое е пандан на Лига Европа, откако во финалниот двомеч го победи аргентинскиот Тигре.

Инаку, Сао Паоло на помалку скандалозен начин дојде до титулата, бидејќи играчите на Тигре не излегоа на теренот во второто полувреме да го доиграат натпреварот.
Бразилскиот тим по 45 минути се стекна со предност од 2:0, со головите на Лукас Моура и Освалдо, што Сао Паоло го приближи до трофејот, бидејќи првиот меч одигран во Аргентина заврши без голови.
Фудбалерите на Тигре биле уплашени за својата безбедност и поради тоа не излегле на теренот во вториот дел. Причината за тоа била вербалната расправија на неколкумина играчи на Тигре со навивачите на Сао Паоло, во моментот кога по завршувањето на првото полувреме оделе кон соблекувалните.
Тренерот на тимот се пожали дека на полувремето на неговите фудбалери им се заканувал човек со пиштол.
„За време на паузата еден човек влезе во соблекувалната, во раката имаше пиштол, додека некој полицаец ги удираше моите играчи. Само се обидувавме да се браниме“, изјавил тренерот на Тигре, Горосито.
Откако Аргентинците по половина час чекање не се појавиле на теренот, судијата го прекинал натпреварот, а трофејот им бил предаден на фудбалерите на Сао Паоло.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: