Моника Белучи во најновиот филм на Емир Костурица

Loading...

 

Прекрасната италијанска актерка Моника Белучи ја доби главната улога во најновиот филм на Емир Костурица. Филмот кој носи наслов Istorija Maroka, ќе се снима на пролет во Франција, а покрај заносната италијанка, ќе се појават и Лејла Бекти и Тахар Раким.

 

“Филмот зборува за млада жена од Мароко која се сели во Франција бидејќи дедо и и договорил свадба со богат старец. Нејзиниот млад љубовник тргнува по неа во обид да ја спречи” – откри режисерот за Pressonline.

 

На прашањето зошто ја одбра толку Белучи за ова филмско остварување, Костурица рече: “Затоа што Моника Белучи е најубавата и најдобрата глумица на светот!”

 

Прекрасната актерка ќе гостува и во Мечавник во средината на јануари. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...