Германија со строга казнена политика за хулиганите!

Со заеднички сили германските фудбалски клубови ќе се обидат да ги применат мерките кои ги договорија како би донесле подобрување на фудбалските натпревари во скоро време.

Толеранцијата ја снемува во Германија, барем кога станува збор за борбата против хулганите, од денес сево ова е сведено на минимум.

Претставници од 36 клубови од двете најквалитетни лиги во Германија го изгласаа заедничкиот манифест со кој ќе имаат за цел намалување на бројот на инциденти кои навивачите ги прават на фудбалските натпревари.

Одлучено е да при влезот на стадионите има поостра контрола на навивачите за да се избегне внесување на пиротехнички средства. Според тоа, ќе има поостар видео надзор над публиката а обезбедувањето на стадионите ќе мора да помине низ специјална обука.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: