Гигс: Руни ме потсетува на Кристиано

Велшанецот смета дека Руни не е само одличен напаѓач туку и премногу корисен за Манчестер Јунајтед и на други поедини позиции.

Гигс играше со Кристиано Роналдо, смета дека Вејн Руни е играч од тој калибар.

„Вејн е одличен, потсетува на Роналдо, таквите играчи се потребни за сите тимови. Може да постигне гол во секоја ситуација и како да тоа се става во втор план на неговата способност да асистира и да прави уште многу корисни работи за екипата“ изјави Рајан Гигс.

Руни вели дека му се допаѓаат овие пофалби, и притоа потенцира дека Рајан Гигс е еден од неговите најдобри пријатели и играч кој премногу му помогнал за да се вклопи во тимот по доаѓањето од Евертон.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: