(Вознемирувачка слика) Боде Милер и го „уништи“ лицето на својата сопруга

Најдобриот скијач на сите времиња Боде Милер моментално е „аут“ поради повреда, а слободното време го користи играјќи голф.

Меѓутоа, се чини дека 35-годишниот Американец баш и не е премногу талентиран за голф.

Имено, испробувајќи удар, Боде Милер ја погоди својата сопруга Морган директно во глава и и нанесе прилично лош изглед.

Милер бизарната несреќа на својот Твитер профил ја опиша како „прв масовен инцидент на голф“, а набрзо потоа на истата мрежа се огласи и несреќната Морган.

„Не се чувствувам баш секси, мојот сопруг ме погоди со голф топка во глава. Сеуште го сакам“ се пошегува Морган.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: