Адриано: Интер засекогаш во моето срце!

Поранешниот напаѓач на екипата на Интер призна дека сеуште сонува дека ќе се врати во земјата каде постигна најголема слава и успех во својата кариера а не крие дека Интер сеуште му е во срцето.

Фудбалерот кој ги полнеше мрежите во Италија не успеа да се врати во фудбалот а формата која некогаш го красеше сега е далеку зад него.

Триесетгодинишниот бразилец има проблеми со алкохолот и не е тајна дека поради начинот на кој живее веќе ниту еден сериозен клуб не го посакува во своите редови.

„Размислувам за враќање во Италија, најубавите моменти од мојот живот ги имав таму, премногу сум приврзан кон таа земја. Се слушам со моите поранешни соиграчи од Интер и морам да признаам дека тој е клубот кој е дел од мојот живот и кој засекогаш ќе остане во моето срце“ изјави Адриано.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: