Бенитез: Цел ми е да победувам со стил

Задоволен поради третата последователна победа на својот тим но и разочаран од фактот што некои играчи сеуште не сфаќаат што е победнички менталитет, Рафа Бенитез говореше за своите впечатоци од досегашното предводење на тимот на Челзи.

Иако Челзи конечно успеа да дојде до три последователни победи во сите натпреварувања и на момент ги тргна сите облаци кои беа над него, по раната елиминација од ЛШ, Рафа Бенитез смета дека има многу простор за напредок во играта.

„Кога говорам околу тоа дека сакам да имплементирам заеднички менталитет во екипата, тоа значи дека деталите ја прават разликата. Не сакам моите играчи да размислуваат колку е добро да се остане несовладан туку да голманот биде задоволен бидејќи ја сочувал мрежата поради тоа што еден примен гол во вакви ситуации значи победа или победа со стил“ изјави Бенитез.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: