Видео: Лудница во „Копа Судамерикана“, пиштоли, пендраци, и титула за Сао Паоло!

Loading...

Бразилскиот фудбалски клуб Сао Паоло е победник на јужноамериканското издание „Копа Судамерикана“, по контроверзниот натпревар против аргентинскиот Тигре.

Натпреварот кој се одигра во Сао Паоло, гостинските фудбалери одбија да продолжат по првите 45 минути поради наводно бруталност.

Сао Паоло на полувремето од мечот имаше предност од 2-0, а првиот натпревар беше со резултат 0-0.

Тренерот на Тигре, Нестор Горосито, одби да ја земе екипата на теренот во вториот дел.

„Обезбедувањето имаа вперено два револвера на моите играчи, додека некои од нас останаа да бидат тепани со пендраци, тоа што се случи е големо лудило. Одлучивме да не се враќаме на теренот бидејќи се грижевме и стравуваме за нашата безбедност“ изјави Горосито.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...