Во Бугарија приведени 11 фудбалери за местење мечеви

Бугарската полиција приведе 11 фудбалери поради сомневање дека учествувале во местење на резултати од натпреварите во првата и втората лига.

Во притвор завршија шест играчи на прволигашот Черноморец од Бургас и пет фудбалери на второлигашот Нефтохимик, кој е од истиот град.
Бугарската полиција ги потврди апсењата, но не сакала да открие никакви детали, освен дека истрагата за местењето на резултатите до фудбалските натпревари траела два месеца.
„Можеме да потврдиме дека 11 фудбалери завршија во притвор, но тоа е сé. Истрагата уште не е завршена“, изјави министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов.
Бугарските медиуми наведуваат дека меѓу приведените се наоѓаат и бекот на Черноморец, Румен Трифонов и неговиот соиграч Преслав Јорданов.
Сопственикот на Черноморец, Митко Сабев бил шокиран од информацијата, додека тренерот на Нефтохимик, димчо Ненов изјавил дека никој во кубот немал сознанија за „нечесните работи на некои играчи“.
Черноморец моментално е шестата позиција од првата фудбалска лига на Бугарија, додека Нефтохимик е на чело од втората лига.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: