Новогодишна забава за Цеца

Loading...

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ во моментов е на турнеја низ Австралија, каде освен дружењето со публиката, таа го користи секој слободен момент да ја запознае земјата на кенгурите, во која наводно се заљубила во текот на првата посета пред две години.

 

Пејачката минатиот викенд ја искористила паузата до концертот за да може да го прошета Сиднеј и Мелбурн, но и за да присуствува на забавата во најголемиот српски центар во Сиднеј, каде се собираат донации за помош на Србите во Косово о Метохија. Сите сакале да се фотографираат со пејачката, а неа особено ја израдува малата Катарина Јевтиќ.

 

Цеца откри дека често му се заблагодарува на Бога што има таква верна публика која и пружаше помош во најтешките моменти. Таа вели дека особено ја израдувала песната која нејзините фанови и ја посветија само на неа. Пејачката нема да пее никаде за Нова година, и ќе остане во домашна атмосфера, која ќе ја подготват нејзините деца. 

Вељко и Анастасија и подготвуваат забава на годината на својата сакана мајка. Нели и вие би посакале да имате вакви деца?

loading...