Трапатони: Конте и Страмачони се моите наследници

Селекторот на репрезентацијата на Ирска, Џовани Трапатони, е сместен во италијанската куќа на славните, а кога е во прашање фудбалот како свои наследници ги означи тренерите на Јувентус и Интер.

Џовани Трапатони во Фиренца доби благодарница за се она што со својата работа го придонесе за италијанскиот фудбал, а популарниот „Трап“ беше сместен во куќата на славните, кога е во прашање фудбалот секако.

Говорејќи за квалитетот на фудбалот во Италија и начинот на работа и тренерите во Италија, Трапатони оцени дека постои многу талентирани стручњаци кои во иднина би можеле да постигнат големи резултати.

„Верувам дека Конте и Страмачони се најталентирани и најперспективни тренери во Италија. Сепак, мораат секогаш да имаат на ум дека зад нивните успеси стојат и играчите кои ги претвораат во дела нивните замисли“ изјави Трапатони.

Пронајдете не на следниве мрежи: