Јувентус започна преговори со Дрогба

Марота доби зелено светло од клубот да направи се што е можно да го доведе Дидиер Дрогба во Јувентус, целта е освојување на Лигата на Шампионите.

Во Јувентус веруваат дека Дрогба би направил се што е можно да го искачи овој тим на врвот во Лигата на Шампионите.

Имено, процената во однос на виденото оваа есен е дека Јувентус единствено му недостасува напаѓач, топ-напаѓач како би биле рамноправни со водечките екипи во Европа.

Поради тоа, Дидиер Дрогба е прва мета на тимот на Јувентус во овој трансфер-период, а африканецот би бил најплатен фудбалер во Серија „А“ и како што стојат работите, Дрогба би потпишал договор на 18 месеци и би заработувал четири милиони евра, плус бонуси.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: