ФИФА не го признава „рекордот“ на Меси

Говорејќи за рекордот на Меси и општата расправа која се води во јавноста во поглед со тимот кој даде најмногу голови во една календарска година, Светската куќа на фудбалот официјално не го признава ниту рекордот на Меси, ниту било кој друг.

ФИФА не сака да учествува во јавна расправа која се води околу бројот на головите постигната во една календарска година.

Имено, Лионел Меси со својот последен гол го престигна Герд Милер, а од Замбија стигнаа информации дека рекордер и понатаму е Годфри Шитал, а во Бразил тврдат дека Зико е на гол предност од Меси.

„ФИФА нема база на податоци за секој натпревар одигран во секоја земја на светот од денот кога се основани сојузите“ соопшти претставникот на ФИФА, Алекс Стоун.

Пронајдете не на следниве мрежи: