Горан Попов нема да може да игра во Премиер лигата поради тоа што е Македонец?

Македонскиот фудбалер Горан Попов изјави: „Разочаран сум бидејќи мојот трансфер од соништата пропадна затоа што сум Македонец. Клубовите имаа постигнато договор, јас ги имав договорено личните услови, но сè е попусто кога не извадив работна дозвола. Проблем претставува единствено лошото рангирање на македонскиот фудбал, фактот дека сме 102. репрезентација во светот ме оневозможи да се преселам во Англија. Претходно имаше Македонци во Премиер лигата, но тогаш нашето рангирање беше околу 60. позиција на ФИФА-листата. Сега, кога ја минавме и стотката, тоа е многу лошо“.

Трансферот на Горан Попов од Динамо Киев во Стоук и  пропадна поради неможноста на македонскиот репрезентативец да извади работна дозвола за да настапува во Премиер лигата. Поради ова, Попов е принуден да се врати во Динамо Киев, каде што го загуби статусот на стандарден првотимец од Нигериецот Таиво.

Пронајдете не на следниве мрежи: