Евра: Робин е ист како Руд!

Левиот бек на екипата на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, изјави дека Робин Ван Перси е вистински наследник на Руд Ван Нистелрој.

Робин Ван Перси ова лето стигна од екипата на Арсенал за 24 милиони фунти и веднаш стана главен играч во тимот.

Прв стрелец е на екипата со постигнати 11 голови во премиерлигата, а пофалбите стигнуваат од секаде, сега и Евра упати пофалби до холанѓанецот.

„Како да е со нас 100 години, толку брзо се прилагоди тоа е нешто неверојатно“ изјави Евра.

„Премногу ме потсетува на Ван Нистелрој од времето додека играше кај нас, и двајцата се холанѓани, имаат речиси идентичен стил, посебно кога ја градат топката и кога играат пас“ вели Евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: