Бенитез: Можеме да ја освоиме титулата

Тренерот на англискиот премиерлигаш Челзи смета дека неговиот тим и понатаму има шанси да стане шампион на Англија.

Челзи во моментов го имаат третото место на табелата во Премиер Лигата со десет бодови заостанување зад лидерот, Манчестер Јунајтед.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ има шанса да го освои првиот трофеј оваа сезона во мечот против Коринтианс, кој ќе го одлучи новиот клубски светски првак.

„Клубовите од Манчестер се во доста подобра позиција и тие се фаворити за освојување на титулата во однос на нас, но ние нема да се предадеме се дур постојат какви такви шанси“ изјави Бенитез.

Пронајдете не на следниве мрежи: