Кејт Мидлтон боледува од ретка болест

Според пишувањето на британските медиуми, Кејт Мидлтон боледува од пореметување наречено „хиперемесис гравидарум“.

На Кејт Мидлтон неодамна ѝ е поставена вистинската дијагноза поради која таа морала да ги откаже сите работни обврски.

Принцезата Кејт Мидлтон се бори со ретка болест која ги погаѓа трудниците. Според пишувањето на британските медиуми, лекарите ѝ дијагностицирале пореметување наречено „хиперемесис гравидарум“, односно тешки утрински мачнини кои некои жени многу тешко ги поднесуваат.

„Ова не се обични утрински мачнини. Имавме случаи кога жените толку силно повраќаа што им пукаа ушните тапанчиња или добиваа фрактури на ребра!“ – објаснила др. Марлена Фејзо.

Колку е ситуацијата сериозна говори и фактот дека експертите сметаат дека Кејт ќе мора да се обиде да задржи барем некаква храна во желудникот, и поради себе и поради детето.

Голем процент жени на кои им е дијагностициран „хиперемесис гравидарум“ поминуваат многу време во болница, каде храна добиваат низ цевче или им се препишува инфузија.

Пронајдете не на следниве мрежи: