Јоветиќ: Ако си одам од Фиорентина, останувам во Италија

Јоветиќ нема да си оди од Италија, напротив, доколку си замине од екипата на Фиорентина, тој би преминал во друг италијански клуб.

Стеван Јоветиќ е задоволен во Фиорентина, но повтори дека во фудбалот никогаш не се знае ништо.

„Тешко е да се предвиди било што, Фиорентина го оствари своето ветување, имаме одличен тим, сакаме во Лигата на Шампионите. Се надевам на се најдобро во овој тим“ изјави Црногорецот.

„Колку би останал во Фиорентина? Тоа никогаш не се знае, во секој случај доколку си одам од клубот би сакал да останам во Италија, го научив јазикот и овде ми е прекрасно“ додаде Стеван Јоветиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: